Вчерашното видео во кое фудбалерите на Шкендија се истакнаа со срамно скандирање (видеото можете да го погледнете ТУКА) предизвика огромни реакции во македонската фудбалска јавност.
Помеѓу фудбалерите кои скандираше беше и дефанзивецот кој „до вчера“ го носеше дресот на Вардар, Висар Муслиу. Револтиран од ваквото однесување на фудбалерот беше голманот на Вардар, Филип Гачевски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гачевски во јавноста излезе со статус на својот Фејсбук профил.
„Те гледам на Инстаграм ставаш видео Вардар Вардар, пуши ми го к…Не ти е срам, ти си еден голем срам, човек без душа, ти заборави дека Вардар те направи репрезентативец, ти кога дојде во Вардар не постеше на мапа, голем срам е што играш за репрезнетацијата…ГОСПОД е голем и Вардар институција – запамети Вардар е Македонија“, гласеше статусот на Гачевски.