Португалскиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш стана следниот играч кој ги искажа своите впечатоци по првата недела од работата со новиот менаџер на тимот – Ерик тен Хаг.




Плејмејкерот посебно го истакна интензитетот што Холанѓанецот го бара од своите играчи и колку се исцрпувачки тренинзите под негово водство.




Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Тој сака интензивни тренинзи и очекува реакција кога ќе ја изгубите топката. Му се допаѓа секој што трча и сите се среќни поради тоа, очигледно е. Навистина е добар. На крајот од тренингот сите сме уморни, но тоа е добро и така треба да биде“.




„Мораме да ја завршиме нашата работа сега за да бидеме подготвени за почетокот на сезоната. Сите сме свесни дека првите натпревари се чудни, но сакаме да ги добиеме. Мораме да го дадеме максимумот од тоа што Тен Хаг и персоналот го бараат од нас. Сите сме задоволни од неговата работа“, изјави Португалецот.