Дома Фудбал Фердинанд: Белингем би можел да освои три Златни топки

Фердинанд: Белингем би можел да освои три Златни топки

ЛЕГЕНДАРНИОТ англиски дефанзивец, а денес стручен коментатор Рио Фердинанд за Би-Би-Си зборуваше за Џуд Белингам (20).

Да потсетиме, Белингем летово замина од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид за 103 милиони евра плус бонуси.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На пет настапи досега има постигнато исто толку голови со што директно му донесе бодови на Реал во Ла Лига.

Покрај тоа, Белингам неодамна постигна гол и асистираше за англиската репрезентација која во пријателски натпревар ја совлада Шкотска (3:1).

Фердинанд верува дека Белингем може да освои три Златни топки, наградата за најдобар играч во светот.

„Тој ќе биде споредуван со Џерард, Лампард и Сколс. Но, би рекол дека ниту еден од тие играчи во тие години не го правеше она што сега го прави Белингем.

Би бил изненаден доколку не освои барем една, а можеби и две или три Златни топки до крајот на кариерата. Имаше играчи чии вештини се издвојуваа на исто или повисоко ниво, за тоа секако можеме да дебатираме.

Сепак, најважно од се, мислам дека немаше дете со таков менталитет. Отиде во Реал и беше нивниот најдобар играч на четири или пет натпревари“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот (Видео)

Нeколкупати сме имале можност да видиме ситуации кога натпревари или спортски настани на о…