Дали се сеќавате на Равел Морисон?
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед важеше за еден од најпреспективните фудбалери во Европа. Од неговиот талент беше воодушевен и Сер Алекс Фергусон кој во една прилика за него кажа дека е најталентираниот фудбалер кој го видел во животот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега тој истиот Морисон доби отказ во Ден Хаг.
Холандскиот клуб денес објави дека спогодбено го раскинува договорот со 27 годишниот офанзивен игач за врска, причина не се наведува.
Се обиде Морисон после Јунајтед да ја врати формата во Вест Хем, но не успеа. Следуваа позајмици во Чемпионшип, изгледаше дека ќе добие идеална прилика во Лацио, меѓутоа и таму во главно беше на позајмици. Среќата ја побара и во Естерсунд, не се задржа долго. Сличен епилог имаа и епизодите во Шефилд и Миделсброу, за сега да заврши и со Ден Хаг.
За Ден Хаг запиша само пет настапи и тоа во главно влегувајќи од клупа, очекувањата не ги оправда, а неговиот тим беше на претпоследното место во Ередивизијата. Ден Хаг беше негов 11. клуб во кариерата.
Треба да се спомене дека овој фудбалер го следеа и скандали надвор од терените.