Дома Останати Авто Мото Ферари потврди дека Фетел заминува, а сега прави сензација која ќе ја „здрма“ Формула 1

Ферари потврди дека Фетел заминува, а сега прави сензација која ќе ја „здрма“ Формула 1

Себастијан Фетел на крајот од сезоната ќе го напушти Ферари откако не успеа да се договори со италијанскиот тим.

Со неговото заминување се поставува прашањето кој ќе го наследи. Веќе се шпекулира дека Ферари ги посакува Саинц или Рикардо, но се појави и интересна информација.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имено, англиските медиуми пренесуваат дека во Ферари може да дојде Луис Хамилтон, што секако би било сензација. Хамилтон веќе неколку години доминира во Мерцедес, но Ферари би му било сигурно најголемиот предизвик кој може да го добие.

И неодамна се шпекулираше дека Хамилтон сака да дојде во Ферари, но тој тогаш ги демантираше тие наводи и порача дека останува во Мерцедес. Но, како што велат, кај што има дим таму има и оган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…