Дома Трансфер зона Фенербахче не запира: Договори засилување и од Милан

Фенербахче не запира: Договори засилување и од Милан

Раде Круниќ е нов фудбалер на Фенербахче. Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога во прашање се трансферите потврди дека турскиот гигант по Леонардо Бонучи доведува уште едно познато име.

Милан за 30-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина би требало да добие околу четири милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Неговото доаѓање во Фенербахче значи засилување на балканската колонија во Истанбул каде што се веќе Домник Ливаковиќ, Един Џеко и Душан Тадиќ.

Во овој момент Фенербахче е лидер во турското првенство со два бода повеќе од Галатасарај.

Круниќ дресот на Милан го носеше од 2019 година и одигра 139 натпревари, постигна 139 гола и запиша шест асистенции. Сезонава собра 14 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…