Дома Трансфер зона Фелаини откри како му пропаднал трансферот во ПСЖ

Фелаини откри како му пропаднал трансферот во ПСЖ

Маруан Фелаини минатиот месец го напушти Манчестер Јунајетд и се пресели во кинескиот Шандон Лунин.

Белгиецот изјави дека во летото бил на чекор од трансфер во ПСЖ, но Мурињо го убедил да остане на „Олд Трафорд“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Имаше голема можност да заиграм за ПСЖ миното лето и ќе бев среќен поради тоа. Не е вистина дека Тухел беше против тој трансфер. Едноставно Жозе Мурињо разговараше со мене и ме убеди дека сум важен дел од неговите планови и затоа останав во Јунајтед“, откри Фелаини.

„Сега сметав дека е време за нов предизвик и затоа заминав. Поминаа 10,5 години откако пристигнав во Англија, па време е да пробам нешто различно“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…