Дома Трансфер зона „Фекир да престане да ги прави луѓето будали“

„Фекир да престане да ги прави луѓето будали“

Минатото лето Набил Фекир беше најавено како ново засилување за Ливерпул, но во последен момент целиот трансфер пропадна.

Од тогаш до денес во медиумите се појавија многу приказни поради кои Фекир не завршил на Енфилд. Самиот фудбалер тврди дека се искажани многу лаги со кои биле повредени тој и неговото семејство, а некои од информациите доаѓаа и од неговиот поранешен агент Барнс.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Не се чекаше долго да се огласи и самиот Барнс, кој во медиумската изјава беше прилично остар.

„Време е Фекир да ја прекине оваа представа и да престане да ги прави луѓето будали. Сите знаат што се случи.“ – изјави Барнс за Л’екип, па потоа ја откри причината поради која фудбалерот не заврши на Енфилд.

„Трансферот пропадна поради две причини. Првата е неговото колено, а Ливерпул имаше намера да помогне во опоравувањето, а втората е тоа што се појави непозната личност, некој квази-агент, кој се представи дека може да преговара во негово име. Беше побарано преговорите да почнат во моментот кога требаше да завршат. На крајот Ливерпул одлучи да каже стоп.“

Наместо на Енфилд, Фекир ова лето заврши во шпански Бетис за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…