Дома Фудбал Англија ФА почна своја истрага против Тонали, казната може да се зголеми

ФА почна своја истрага против Тонали, казната може да се зголеми

Фудбалската асоцијација на Англија започна своја истрага против играчот на Њукасл, Сандро Тонали.

Италијанецот неодамна доби суспенција од 10 месеци поради нелегално обложување, кое го правел додека го носеше дресот на Милан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега раководните луѓе на Англија сакаат да дознаат дали Тонали продолжил да се обложува после трансферот во Њукасл кој се случи во јули.

Ако се обложувал, 23-годишниот фудбалер може да добие дополнителна казна и Њукасл подолго време нема да може да смета на засилувањето од 70 милиони евра.

Самиот Тонали и неговиот агент признаа дека играчот е зависен од коцкање и веќе започна процесот на лечење и одвикнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно Фернандеш откри што треба да направи Манчестер Јунајтед за да го задржи

Капитенот на „црвените ѓаволи“ Бруно Фернандеш откри што очекува од клубот за да биде убед…