Викендов голем инцидент се случи по дербито помеѓу Ливерпул и Арсенал кое заврши без победник.
Енди Робертсон се обиде нешто да му објасни на помошникот на главниот судија Пол Тирни, Константин Хацидакис но доби удар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот, а ФА веќе го суспендирала што беше и очекувано. Познатиот Крис Сатон оваа ситуација ја спореди со суспензијата за српскиот напаѓач Александар Митровиќ.
„Не ми е јасно што мислеше Хацидаикс во тој момент. Како што гледам тој треба да биде најстрого казнет, не можам да се сетам на вакво настан претходно. Никогаш не сум видел такво нешто. Претходно ФА го казни Александар Митровиќ со суспензија од осум натпревари, ФА сега сака да го казни построго. Добро, но не можете да имате помошници кои удираат со лакт, каква треба да биде нивната казна тогаш“, запраша Сатон.
Хацидакис е суспендиран додека се чека исходот од истрагата и засега не е познато колку точно, но се потенцира дека суспензијата не важи само за Англија ,туку и за во Европа.