Ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за бараж двомечот за пласман на Светското пренство, а пред избраниците на Кире Лазаров воопшто не е ласна работа.
Доказ за тоа со каква селекција ќе се соочиме се и прогнозите за букмејкерите. Имено, Македонија не е фаворит и таа улога е препуштена на домаќинот. За утрешниот натпревар коефициентот за победа на Фарски Острови изнесува 1.40.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ваквата ситуација секако се должи на солидниот настап на Фарски Острови на последното Европско првенство каде што одиграа нерешено и со силната норвешка, а со само гол-два негатива беа поразени од Словенија и Полска.
Билетите за утрешниот натпревар од поодамна се распродадени и на трибините се очекуваат околу 6.000 навивачи и тоа е скоро 10% од целата популација на оваа земја.
Сепак, бројките не треба ништо да значат, Македонија сигурно ќе биде мотивирана да докаже зошто во последнтие години е редовен учесник на големите натпреварувања. Ќе потсетиме, реваншот е в недела (12. мај) во Скопје.