По четири години репрезентацијата на Фарски Острови го смени тренерот.
Хакан Ериксон заминува од кормилото поради незадоволство во раководството од лошите резултати.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„На дното сме на групата и не успеавме да победиме ниту на домашните средби. Имаме силен тим, резултатите не се задоволувачки. Затоа се разделивме со селекторот Ериксон“, објави претседателот Кристијан Андреасон.
Фарски Острови против Македонија ќе играат на 17 ноември и тој натпревар ќе биде последен од Лигата на Нации. Репрезентацијата во Скопје ќе биде предводена од тандемот од младата репрезентација, Ејдујн Клакштеин и Атли Грегрсен.