Атлетико Мадрид вчера одигра пријателски натпревар во кој со 4:0 славеше против Нумансија.
На оваа средба видовме и еден интересен настан. Мечот се играше на теренот „Естадио минсипал“ кој има капацитет од околу 3.000 гледачи. На ова стадионче фудбалерите буквално беа опколени со навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата ситуација ја искористи еден навивач кога во 67. минута од мечот додека Коке изведуваше корнер одлучи да направи селфи со него. И во таква ситуација фудбалерот на Атлетико не одби да се фотографира.
El selfie del chaval con Koke. Qué grande jajajaja pic.twitter.com/ohgVUk44V4
— Iván (@IvanBlanco_26) July 27, 2022