На интерентот по натпреварот на Португалија се појави информација која беше пренесувана од скоро сите светски медиуми, дека играчите на Португалија го запреле нивниот соиграч Фонте да го прослави голот.
Проблем наводно настанал во праволото според кое може да се продолжи со игра ако сите противнички играчи освен голманот се надвор од теренот, па Португалците наводно додека се гушкааа надвор од теренот му сигнализираа на Фонте да остане на теренот со цел Шпанеците да не можат да тргнат од центарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Слична ситуација се случи на натпреварот помеѓу Тунис и Англија кога Киеран Трипиер очигледно остана на теренот за Тунижаните да не изедначат.
Но, во правилата на ФИФА никаде не пишува дека противничкиот тим може да тргне од центарот ако сите играчи освен голманот се надвор од теренот. Всушнот, во правилата го пишува спротивното.
Како што можете да видите од осмото поглавје, играта после постигнат гол не може да се продолжи додека сите играчи не се внатре на својата полоцина. Зошто Португалците инсистираа Фонте да остане внатре во границите на теренот, не е познато.
Но, можеби ги збунила ситуација од натпреварот на нашата младинска селекција до 16 години и натпреварот против Гибралтар.
Имено, нашите младите фудбалери во тој натпревар постигнаа гол во завршницата за 1:0 и потоа сите тргнаа да го прослават покрај аут линиата како што може да се види на 1:31:38 во видеото. Но, нашиот противник гледајќи дека нашите фудбалери слават внатре во границите на теренот, ја изведоа топката од теренот и на празен гол ја погодија нашата мрежа за 1:1.
Голот беше признат и натпреварот заврши 1:1.