Дома Останати Фантастичен кам-бек на Ѓоковиќ: Направив се за да ја излечам повредата!

Фантастичен кам-бек на Ѓоковиќ: Направив се за да ја излечам повредата!

По пауза од шест месеци Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот, во егзибициски меч на Кјуонг Класик во Мелбурн го победи Доминик Тим со убедливи 6-1 и 6-4.

Поранешниот најдобар тенисер во светот го победи Тим по 64 минути игра со 6:1, 6:4. Ѓоковиќ одигра мошне сигурен прв сет, во кој на противникот му дозволи да освои само еден гем.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Србинот добро сервираше, во вториот сет при резултат 4:4 спаси неколку брејк топки и на крајот заслужено победи.

„Ова е ми е прв меч во кариерата на кој играм со ‘ракав’. Крадам тајни од Кирјос и се обидувам да сервирам што е можно подобро“, изјави Ѓоковиќ.

„Направив сè за да ја залечам повредата. Минаа шест месеци од мојот последен меч. Ова не е официјален турнир, но ние игравме, а и понатаму играме на резултат. Благодарност до публиката, одлучно е што се вратив“, додаде Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Виландер: Ѓоковиќ треба да игра во Монте Карло

Финалето на Мастерсот во Мајами беше во понеделник наутро по европско време, следниот Маст…