Дома Фудбал Италија Фановите на Џенова мочлеа 43 минути во знак на жртвите!

Фановите на Џенова мочлеа 43 минути во знак на жртвите!

Фановите на Џенова ги проследија првите 43 минути од вчерашниот натпревар со Емполи во тишина, во знак на почит кон жртвите на уривањето на мостот Моранди.

Тоа беше првиот натпревар на клубот, откако на 14 август се урнаа 200 метри од мостот, при што загинаа 43 луѓе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Навивачите на Џенова подоцна побараа од сите присутни на стадионот да се воздржат и да учествуваат во 43-минутното молчење во чест на оние кои го загубија животот, односно „по една минута молчење за секое дете, работник, студент, татко и мајка кои повеќе не се помеѓу нас“.

Иако на моменти можеше да се чуе по некој извик од трибините кога играчите на Џенова напаѓаа, двата гола постигнати во првите 20 минути поминаа без прослава.

Во 43-та минута, силен аплауз се слушна од трибините кога на екранот почнаа да се вртат имињата на загинатите, а потоа, во остатокот од средбата, се продолжи со вообичаено навивање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Колумбиецот Херера со силна емоција и од срце ја пееше македонската химна (Видео)

Колумбиецот Себастијан Херера го забележа својот прв настап за македонската репрезентација…