Maнчестер Сити е еден од 12-те клубови кои потврдија дека ќе бидат дел од новоформираната Суперлига.
Најбогатите клубови одлучија да формираат приватна лига во која ќе имаат многу поголем прихид, 350 милиони евра за учество. Тоа е четири пати повеќе отколку што Баерн заработи минатата година кога ја освои Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалските фанови ширум светот во најголем дел се против ваквата Суперлига. Јавно бојкот веќе најавија фановите на Сити.
„Апсолутно сме против Суперлигата. Тоа е натпреварување без спортски засулуги и се создава само за алчност. Натпреварувањето е создадено без знаење и консултација со навивачите. Одлучни сме против и ќе соработуваме заедно со фановите на сите клубови за да се слушне и нашиот глас“ стои во соопштението од фановите на „граѓаните“.
Треба да се спомене и дека Јирген Клоп во 2019 година даде изјава во која зборува дека е против ова натпреварување, но сега и неговиот Ливерпул го потврди учеството.