Дома Фудбал Англија Фановите на Ливерпул даваат „богатство“ за билети за последниот меч!

Фановите на Ливерпул даваат „богатство“ за билети за последниот меч!

Ливерпул моментално е лидер на табелата во Премиер лигата и прв фаворит за титулата, а навивачите се убедени дека оваа година ќе биде ставен крај на „постот“ и конечно ќе биде освоена шампионската титула.

Ливерпул има предност во однос на Сити од четери бода по 23 одиграни меча, до крајот остануваат уште 15 кола, но навивачите се убедени дека нивниот тим ќе стане шампион после цели 29 години.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Поради тоа не жалаат пари да купат билети за последниот меч сезонава против Вулверхемптон на 12 мај на „Енфилд“.

Навивачите на Ливерпул очигледно не сакаат да ја пропуштат можноста да бидат сведоци на првата титула по пауза од 29 години, па се спремни да дадат „богатство“.

Интернет страницата www.livefootballtickets.com која има на располагање 208 билети , засега нуди билет со минимална цена од 1400 до 5950 фунти во зависност од позицијата на трибината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…