Дома Трансфер зона Фановите во екстаза: Ливерпул доведе големо засилување

Фановите во екстаза: Ливерпул доведе големо засилување

Ливерпул не се шегува. Екипа која трансфер периодот го започнува со доведување на така одлично засилување, сигурно нема да мирува и во остатокот од трансфер пазарот.

Англиските медиуми јавуваат, се е готово. Мухамед Салах ги направил лекарските прегледи на Островот и до крајот на денот или евентуално до утре, ќе биде потпишан повеќегодишен договор со познатиот англиски клуб. За деталите на трансферот се уште е рано да се зборува, а претходно се шпекулираше дека трансферот ќе изнесува околку 30 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


За овој трансфер се пишуваше уште од крајот на минатата сезона. На сите им беше јасно дека Рома мора да го продаде и тоа што е можно побрзо со цел да се направи простор за нови засилувања на „Олимпико“. Сега тоа го направија, па реконструкцијата на Рома ќе започне од почетокот на следниот месец.

Ливерпул доби одличен играч кој го сакаа уште пред неколку години, но тогаш Челзи беше побрз. Процесот на прилагодување не треба да биде тежок, бидејќи играчот веќе играше на Островот. Овој траснфер Јирген Клоп го најави како борба за трофеи. А трансфер периодот штотуку започна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …