Дома Фудбал Англија Фабрегас ја отвори душата: Бев уништен, често доаѓав дома и плачев

Фабрегас ја отвори душата: Бев уништен, често доаѓав дома и плачев

Сеск Фабрегас во 2011. година го напушти Арсенал и потпиша за Барселона, а подоцна заигра и за Челси.

Навивачите на Арсенал тоа го окарактеризираа како големо предавство, бидејќи Сеск беше капитен, но и дете на Арсенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој одлучи после девет години откако замина од Арсенал конечно да проговори за се што тогаш се случувало во овој клуб.

„Бев капитен и чувствував многу притисок. Морав својот тим да го водам до победа и давав се од себе. Некогаш доаѓав дома и плачев. Страдав и со ноќи не спиев. Кога ќе загубевме во автобусот бев уништен, а ги слушав соиграчите како се смеат и размислуваат каде ќе излезат кога ќе се вратиме назад. Сметам дека во последните две или три години само Робин ван Перси и Самир Насри беа на мое ниво.“ – изјави Фабрегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Јунајтед поради повредата на Бруно Фернандеш

Голем удар за Манчестер Јунајтед! Бруно Фернандеш се поврeди и, според медиумите на Остров…