Дома Фудбал Англија Фабињо: Челзи погреши што го пушти Бакајоко

Фабињо: Челзи погреши што го пушти Бакајоко

Бразилскиот играч за врска на Ливерпул, Фабињо смета дека Челзи направил голема грешка што го пуштил Тиму Бакајоко да се пресели во Милан.

Според Фабињо, кој играше заедно со Бакајоко во Монако, Французинот допрва ќе го покаже своето високо ниво.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Минатата сезона гледав неколку меча на Челзи и Бакајоко се претстави доста добро. Се разбира, првата сезона во нов клуб е секогаш тешка, но не очекував да замине. Сега Милан има фантастичен фудбалер“, изјави Фабињо.

„Сигирен сум дека во Милано ќе ја покаже својата класа и нивото на кое играше во Монако. Челзи направи голема грешка. Јас мислам дека ќе се врати во Англија и на сите ќе им покаже колку вреди“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите го налутиле Вучиќ – летале со хрватски авион!

Репрезентативките на Србија го завршија учеството на Европското првенство, а претседателка…