Медиумите на Островот откриваат нови шокатни информации за пилотот Дејв Иботсон кој управуваше со авионот со кој исчезна Емилијано Сала.
Како што е познато Иботсон не бил професионален пилот, односно не поседувал лиценца за превоз патници. Него летањето може да се каже дека му било еден вид хоби, додека заработувал од работа како електро инсталатер и диџеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес од Островот пристигнува нова информација – Иботсон веќе еднаш во минатото предизвикал несреќа.
Тоа се случило во 1995 година тогаш предизвикал пад на авион од тип „Пајпер Чироки“. Она што е застрашувачки е што падот дошол директно по негова вина. Иботсон тогаш не знаел како да ги спушти тркалата за слетување на авионот.
За среќа тогаш тој и двајцата патници кој ги превезувал поминале без последици.
На сето ова треба да додадеме дека Иботсон не требало да го вози тој лет. Него го ангажирал Дејв Хендерсон кој ја поминал пасошката контрола заедно со Сала.