Дома Трансфер зона Уште не пристигнат направи проблем: Челзи може да биде казнет поради Пулишиќ

Уште не пристигнат направи проблем: Челзи може да биде казнет поради Пулишиќ

Американецот ни крив ни должен би можел да донесе проблеми за неговиот нов клуб.

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари се наоѓа во незгодна позиција.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Од моментот кога сфати дека Мората и Жиру не ќе можат да одговорат во целост на неговите барања е во потрага по решение, но управата на „сините“ како да не ги слушаше неговите молби.

Италијанецот неколку пати покажа незадоволство и по малку луто одговараше на прашањата од новинарите, а капката која можеби ќе ја прелие чашата е Кристијан Пулишиќ.

Сари изнел позитивно мислење за Пулишиќ пред неколку месец, но никој не го контактирал нешто повеќе од тоа, а за трансферот на Пулишиќ дознал вчера кога зделката беше потврдена.

Освен тоа Челзи би можел да има проблем и со УЕФА која под „будно око“ ги следи случувањата во клубот од Лондон, па Челзи би можел да добие казна поради кршење на Финансискиот фер-плеј, тврдат на Островот.

Казната би можела да биде во вид на забрана за купување, што би донело проблем за Сари и клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, К…