Дома Фудбал Италија Уште малку и најдобар стрелец во историјата: Роналдо го помина Пеле!

Уште малку и најдобар стрелец во историјата: Роналдо го помина Пеле!

Кристиано Роналдо постигна два гола во победата на Јувентус над Удинезе од 4:1.

Португалецот кој во февраури ќе наполни 36 години дојде до својот 758. гол во кариерата и го престигна на вечната листа Бразилецот Пеле (757).

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Иако Бразилците тврдат дека постигнал повеќе од 1000 голови во кариерата, официјалните податоци говорат дека Пеле има 757.

Со вчерашните два гола Роналдо дојде пред Пеле и сега пред него е само еден човек, легендата на Славија Прага, Јозеф Бичан. Тој во кариерата на 530 натпревари од 1931 до 1955 година постигна 805 гола.

Ако погледнеме како игра Роналдо нема да биде чудо ако ја надмине и оваа бројка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Астон Вила му врати на навивачот на Јунајтед кој чека пет победи за фризура

АСТОН ВИЛА со победата од 2:1 против Манчестер Јунајтед го продолжи својот импресивен побе…