Дома Фудбал Уште едно заминување од Ливерпул. Со Клоп си заминува уште еден клучен човек во клубот

Уште едно заминување од Ливерпул. Со Клоп си заминува уште еден клучен човек во клубот

Заедно со Јирген Клоп, Ливерпул на крајот останува без добар дел од стручниот штаб, а сега на списокот на заминувања се запиша уште еден тренер. Имено, тренерот на голманите на Ливерпул, Холанѓанецот Џон Ахтерберг најави дека и тој ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Ахтерберг беше тренер со најдолг стаж во Ливерпул. Тој дојде во клубот во 2009 година и најпрвин работеше со помладите категории, а во 2011 година беше промовиран во тренер на голманите на првиот тим, функција која ја извршува до денес. „Го сакав секој ден на работа во овој неверојатен клуб, но по долго размислување чувствувам дека најдобро би било да барам нов предизвик“, напиша Холанѓанецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И додека се знае дека Клоп ќе го наследи Арне Слот, актуелниот тренер на Феенорд, се уште не се знае кој ќе го замени Ахтерберг. Еден од кандидатите секако би можел да биде легендарниот бразилски голман Клаудио Тафарел, кој со Ахтерберг работи веќе три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн е во тимот на Баерн и се чувствува добро за гостувањето кај Реал Мадрид.

Хари Кејн тренираше заедно со своите соиграчи и беше во тимот на Баерн пред гостувањето ка…