Дома Трансфер зона Уште една најава за заминување: Роналдо нема да се појави на тренингот на Јунајтед

Уште една најава за заминување: Роналдо нема да се појави на тренингот на Јунајтед

Се погласно се зборува дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а утрово пристигнуваат и нови информации.

Според она што се пишува на Островот Роналдо иако требало денес да се приклучи на подготовките на Јунајтед тоа нема да се случи. Информациите се дека Роналдо го информирал клубот дека поради семејни причини ќе го одложи почетокот на припремите.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, јавноста е убедена дека станува збор за потрага по нов клуб. Роналдо е разочаран што Манчестер Јунајтед нема да игра следната сезона во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед изгледа дека стои на ставот да не го продава Роналдо, но ќе биде тешко да го задржи ако Роналдо продолжи да изразува желба за заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан спрема понуда за Арда Гулер

Милан е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, пренесуваат …