Актуелниот англиски шампион, Челзи ова лето беше поприлично активен во летниот преоден рок.
„Плавите“ направија неколку интересни промени во екипата која изминатата година беше англиски првак. Најголемото изненадување беше заминувањето на Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, а српскиот играч на оваа позиција требаше да биде сменет од доскорешниот играч за врска на Лестер, Дени Дринквотер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дринквотер во Челзи стигна во самиот финиш на преодниот ток на изненадување на навивачите нас клубот. Англиските медиуми пренесоа денес дека овој потег го иненадил и тренерот , Антонио Конте кој бил против доведувањето на Дринквотер на „Стемфорд Бриџ“.
„Тој не може да се спореди со Матиќ и тоа на сите им е јасно. Конте беше против пристигнувањето на Дринквотер, но во клубот сепак одлучија да го купат од Лестер. Дринквотер не е играч кој ќе се вклопи во визијата на Конте и сега уште се знае дека поголемиот дел тој ќе го мине на клупата“, порача изворот близок на „Плавите“.