Дома Трансфер зона Уште еден фудбалер на Србија ќе го засили Манчестер Јунајтед

Уште еден фудбалер на Србија ќе го засили Манчестер Јунајтед

Португалскиот весник „O Jogo“ денеска пишува дека екипата на Манчестер Јунајтед е заинтересирана за уште еден фудбалер на Бенфика.

Станува збор за фудбалерот од Србија, Андрија Живковиќ кој има само 21 година и игра на позицијата десно крило. Тој во редовите на Бенфика пристигна минатото лето од Партизан, а оваа сезона запиша три настапи за португалската екипа и има една асистенција и тоа во Лигата на Шампионите.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Бенфика за неколку недели ќе го одиграат двомечот во групната фаза од ЛШ, а токму на тој натрпевар се очекува Живковиќ да го обезбеди билетот за „Олд Трафорд“.

Потсетуваме, овој фудбалер беше и на метата на Арсенал и тоа додека играше со младата репрезентација на Србија на ЕП во Полска. Сепак, посериозен контакт со англиските гиганти се уште нема, но Живковиќ е премногу млад и пред него сигурно има многу време за напредок и нови трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета сака тандем од 80 милиони евра?

Шпанскиот стратег Микел Артета смета дека му недостасуваат уште засилувања, а според после…