Манчестер Јунајтед во следниот период нема да може да смета на Скот Мектоминеј.
Мектоминеј мораше да ги оперира препоните, па нема да биде на располагање на Оле Гунар Солскјер. Клубот соопшто дека шкотскиот репрезентативец подолго време се мачи со ваквата повреда, а во летните подготовки биле земени во предвид сите терапии.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Единствениот начин да се надмине оваа повреда е операција, па се очекува Мектоминеј да биде надвор од терените во наредниот месец.
До ноември Солскјер нема да смета на напаѓачот Маркус Рашфорд кој го оперираше рамото.