Дома Фудбал Уште еден проблем за Реал: Лопетеги го тужи клубот и бара 28 милиони евра

Уште еден проблем за Реал: Лопетеги го тужи клубот и бара 28 милиони евра

Лопетеги седна на клупата на мадридски Реал минатото лето откако замина Зинедин Зидан. Потпиша тригодишен договор, а одлуката да ја прифати понудата од Реал го чинеше селекторско место на шпанската репрезентација, од каде беше отпуштен на неколку дена пред почетокот на СП.

На клупата на мадридскиот великан 52-годишниот стручњак се задржа само четири месеци. Го водеше тимот на 14 натпревари, а поради лошите резултати заработи отказ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сепак, неколку месеци подоцна Лопетеги одлучи своите права да ги побара на суд. Ќе го тужи Реал и ќе бара да му се исплати комплетната сума од договорот, односно 28 милиони евра.

Лопетеги порано тврдеше дека нема ништо против поранешниот клуб, но дека претседателот на клубот Флорентино Перез воопшто не му се јавил кога го добил отказот.

Лопетеги очигледно долго размислувал што да прави. На крајот одлучил да поднесе тужба и му направи на клубот од Мадрид уште еден голем проблем.

Лопетеги на клупата на Реал помина само 14 натпревари. Запиша шест порази, шест победи и два нерешени натпревари, а отказ доби после тешкиот пораз од Барселона со 5:1.

На негово место седна Сантијаго Солари. Аргентинскиот стручњак “преживеа“ нешто подолго на клупата. Тој најверојатно ќе ја заврши сезоната, но ќе му биде врачен отказ веднаш по завршувањето поради лошите резултати.

Реал оваа сезона ќе ја заврши без трофеј, а сите шанси за титула ги загубија уште на почетокот на месец март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…