Репрезентацијата на Србија вчера ремизираше против Германија. За нашите соседи стрелец на голот беше Лука Јовиќ кој игра фантастична сезона.
Од поодамна Јовиќ се поврзува со Барселона, а како што пренесува „footmercato“ за услугите на Јовиќ сега интерес покажал и Пари Сен Жермен.
ПСЖ после неодамнешната елиминација од Лигата на шампионите сигурно ќе биде активен во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е познато колкава сума Франкфурт ќе бара за Јовиќ, но се споменува сума од 60 милиони евра.
Младиот напаѓач игра фантастично оваа сезона и на 24 настапи во Бундес лигата постигна 15 погодоци, а додаде и седум во Лигата на Европа каде што Франкфурт ќе игра четвртфинале.
Јовиќ во Франкфурт во овој момент настапува како позајмен фудбалер од Бенфика, но јасно е дека германскиот тим на крајот од сезоната ќе го откупи неговиот договор. Меѓутоа тоа не значи дека Јовиќ ќе го носи дресот на Франкфурт.
Фабрисио Романо вчеравечер лансираше вест во која тврдеше дека Барселона спремила понуда од 50 милиони евра за Јовиќ. (тука)
Le #PSG débarque dans le dossier Luka Jovic (Sport)https://t.co/bK7sAJyqz6
— CulturePSG (@CulturePSG) March 21, 2019