Дома Фудбал Останато Уште еден доказ за големината на Меси: Новинар се расплака среде интервју со Аргентинецот 🎥

Уште еден доказ за големината на Меси: Новинар се расплака среде интервју со Аргентинецот 🎥

Лионел Меси со своите настапи испишуваше фудбалската историја, а по успехот со репрезентацијата успеа да стане идол и во Аргентина. Многумина го гледаа како наследник на Диего Марадона, но често добиваше и критики секој лош настап во репрезентативниот дрес.

Сепак, работите значително се сменија со освојувањето на Копа Америка, а навивачите ширум Аргентина веруваат дека Меси може да ги одведе „Гаучосите“ до трофејот на претстојното Светско првенство во Катар.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Пабло Жирал е новинар на „Directv Sports“ кој го интервјуираше Лео Меси, а неговото интервју стана популарно поради емотивниот момент кој се случи. Жирал беше толку воодушевен што дури и заплака.

„Единствено што сакам за тебе е да бидеш среќен, го заслужуваш тоа. Толку ти се восхитувам, обожавател сум ти, цел живот сонував за ваков момент, но никогаш не помислив дека би ја имал таа среќа да бидам до тебе и да разговараме“, зборуваше расплаканиот новинар.

„Ви благодарам од се срце“, вели Жирал, а потоа следуваше реакцијата на Меси.

„Ви благодарам, ме прави среќен што можам да допрам до вакви луѓе. Знам дека има многу луѓе во Аргентина и воопшто во светот кои отсекогаш ме следеле, ми се восхитувале, и поради фудбалот и поради тоа што сум како личност. Благодарен сум за сета наклонетост што ја добив во текот на мојата кариера“.

Пабло Жирал беше еден од аргентинските новинари кои ја „следеа“ кариерата на Лео Меси. Тој се наврати на својот прв натпревар за аргентинската репрезентација и оттогаш остана голем фан на играчот кој испиша историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…