Дома Фудбал Германија Уште еден доказ дека Левандовски сака трансфер ова лето!

Уште еден доказ дека Левандовски сака трансфер ова лето!

Роберт Левандовски од неодамна го промени својот агент и за неговата кариера сега ќе се грижи познатиот Пини Захави.

По промената на агентот веднаш започна и на големо да се пишува дека полскиот напаѓач сака од Захави да му обезбеди нов трансфер. За Левандовски е проблем неговиот договор кој има важност до 2021 година.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Се шпекулира и дека Баерн нема да го задржи доколку тој навистина сака да замине, во Минхен не сакаат во тимот да имаат незадоволни играчи.

Левандовски најмногу се поврзува со Реал Мадрид, а новиот податок само ќе ги подгрее таквите шпекулации.

Станува збор за тоа дека договорот помеѓу Пини Захави и Роберт Левандовски е важечки само до крајот на преодниот рок, до 1 септември.

Тоа секако може да се протолкува дека Левандовски го агажирал Захави само да му обезбеди трансфер во летото кое следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јасно е кога Реал Мадрид ќе го претстави Чаби Алонсо

Реал Мадрид ќе го претстави официјално новиот тренер Чаби Алонсо во понеделник (26 мај), с…