Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересуран за играчот на бразилски Интернационал, Родриго Дурадо.
Станува збор за 24-годишен плејмејкер, кој одигра фантастична сезона во Интернационал и беше избран за најдобар играч за врска во бразилското првенство.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Спортскиот директор на „росонерите“, Леонардо веќе подолго време ги следи неговите настапи и смета дека би бил идеална замена за Лукас Биглиа.
Агентот на Бразилецот го потврди интересот, а медиумите откриваат дека трансферот би требало да изнесува 15 милиони евра.
Милан веќе се засили со еден Бразилец, Лукас Пакета од Фламенго ќе го облечи дресот на „росонерите“ за сума од 35 милиони евра.