Дома Останати УФЦ 230: Очекувањата се шоу на Кормиер, но ќе изненади ли Луис?

УФЦ 230: Очекувањата се шоу на Кормиер, но ќе изненади ли Луис?

На УФЦ 230 овој викенд Даниел Кормиер ќе ја брани титулата во тешка категори против Дерек Луис во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Главниот меч на вечерта се смета за шоу на Даниел Кормиер и Луис се отпишува уште на стартот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Кормие поранешен олимпиец во борење и шампион во тешка категорија и човек кој изгубил само од еден борец, Џон Џонс. Неговиот стил се карактеризира со многу борење, дополнет со аперкати и кроше. Колку едноставно и да звучи таа формула во комбинација е неверојатно успешна.

Од друга страна Дерек Луис во овој момент е веројатно најкрупниот борец во тешка категорија. Неговото кардио е во состојба активно да го задржи во борбата 2 до 3 минути, но ударите кои ги задава се „смртоносни“. Неговите противници често пати користат различни техники мислејќи дека би можеле да се извлечат без последици, но вообичаено тука следи десницата на Луис после која од подот гледаат во плафонот.

Покрај борбата за титулата ќе гледиме судири на Крис Вајдмен – Жакаре Соуза и Адесања – Дерек Браун.

https://youtu.be/IUM7PX7RgZA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…