Угледниот британски медиум известува дека на денешниот тренинг на Арсенал дошло до инцидент меѓу фудбалерите.
На ден пред натпреварот на сезона против Атлетико Мадрид, во Арсенал владее вистинска нервоза за што најдобро сведочи последните случувања во клубот. Арсен Венгер ги брои последните денови на клупата на Арсенал, а на тренинзите фудбалерите му приредуваат сцени на кои не е навикнат да ги гледа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хектор Белерин и Лаказет во текот на денешниот тренинг имале физички судир после еден остар старт за време на тренингот. Судејќи според фотографијата, Французинот бил повеќе агресивен и го нападнал дефанзивецот на Топџиите.
За среќа, краткиот судир меѓу нив го прекинале останатите фудбалери кои брзо дошле да ги раздвојат и страстите се смириле. И реакцијата на Венгер фаќајки се за глава зборува доволно за ситуацијата…
Арсенал утре ќе го игра првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа против Атлетико Мадрид. Тоа за Венгер и неговите фудбалери е последна прилика да освојат трофеј оваа сезона, но и следната година да играат во ЛШ.