По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото име е Олександар Усик, кој во голема борба го победи Тајсон Фјури по 12 рунди со судиска одлука. Двајца судии гласаа за Усик (114-113 и 115-112), а еден за Фјури (114-113).
Гладавме неверојатен меч, а во шестата рунда се чинеше дека Украинецот е многу далеку од победа бидејќи беше раздрман од одличните комбинации на „кралот на циганите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, во осмата рунда, Усик покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација и го испрати својот ривал во нокдаун со фантастичен бокс. Гонгот на крајот од рундата спасува видно дезориентиран Фјури и во тие моменти изгледаше дека може да дојде до прекин на борбата.
Фјури на крајот успеа да „преживее“ 12 рунди и така се комплетираше еден од подобрите мечеви за титулата светски првак во тешка категорија што можевме да го видиме во модерната историја.
Борбата се одржа пред преполната „Кингдом арена“ во Ријад, а Усик сега ги поседува сите главни титули на денешницата – појаси во верзии на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО (како и помалку значајната ИБО).
Пред Усик последен апсолутен светски шампион беше Ленокс Луис во 1999 година.
WHAT A FIGHT. JUST GREATNESS IN THERE.#FuryUsyk | Live NOW on DAZN! Click link in bio to buy. #RingOfFire | #RiyadhSeason | @Turki_alalshikh pic.twitter.com/Gi6mvjelYo
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 18, 2024