
Ливерпул беше во потрага по квалитетен дефанзивец и во завршницата од преодниот рок ги ангажираше Бен Дејвис и Озан Кабак.
Меѓутоа, тие не беа први желби на Јирген Клоп, кој се обидел да донесе друг дефанзивец на „Енфилд“.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Шпанските медиуми откриваат дека Ливерпул испратил понуда за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.
Меѓутоа Умтити, иако оваа сезона ја грее клупата на „Камп Ноу“, сепак одбил да се пресели на „Енфилд“.
Наводно Французинот сакал да ја заврши сезоната во Барселона, па на лето да си бара нов клуб.