Вчерашниот натпревар помеѓу ФК Лабуништа и ФК Влзерими беше испратен со контроверзни одлуки од главниот судија на натпреварот.
Натпреварот помеѓу Лабуништа и Влазереми се одигра пред околу 1.500 гледачи, временските услови беа одични, а во првото полувреме Лабуништа прикажа одлична игра и имаше предност од 1:0, пишува „ТВ Спектра“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што наведуваат од телевизијата, во вториот дел на сцена стапил главниот судија Тефику со своите помошници кои повторно оставија „црна дамка“ на и онака лошата состојба во македонскиот фудбал.
Револтирани од судиските одлуки од „Спектра“ запршауваат: „Треба ли воопшто во Македонија да се игра фудбал или победите се добиваат „на маса“?
Треба да се истакне дека пред овој натпревар составот на Лабуништа беше 14 натпревар вез пораз.
Причина за сомневање дава и статусот на македонскиот новинар Зоран Божиновски, објавен на два часа пред почеток на натпреварот.