Ѕвездата на Барселона Лионел Меси ќе има можност да настапува за репрезентацијата на Аргентина во рамките од квалификациите за Светското првенство против Еквадор.
Квалификациите за СП почнуваат наредниот месец. „Гаучосите“ првиот меч го играат на 8. октомври во Буенос Аирес против Еквадор и ќе може да сметаат на Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси беше под суспензија од Фудбалската федерација на Јужна Америка после црвениот картон кој го доби на Копа Америка во 2019 поради судирот со Гари Медел.
Сепак, иако од тогаш не настапил за репрезентацијата суспензија нема да има. Аргентинеците добија потврда дека казната застарела и Лео ќе може да игра.Ев
Тоа секако е добра вест за Аргентина пред квалификациите.