Дејан Ловрен веќе со недели е мета на критики на навивачите на Ливерпул поради лошите настапи.
Секако, Ловрен не е единствениот виновник за лошите резултати, но токму тој е окарактеризиран како главна „дупка“ во одбраната.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Навивачите го критикуваа на Твитер, еден фан му испрати заканувачка порака на неговиот Инстаграм профил.
„Ќе го претепам твоето семејство, кретену хрватски“, пишуваше во пораката, а Ловрен ова не го криеше и го објави на својот профил.

Подонца Хрвтатот и ги коментираше критиките кои ги доби.
„Не ми пречи кога луѓето ме критикуваат и омаловажуваат. Тоа повеќе зборува за нив отколку за мене. Но, не можам да ги игонорирам заканите кон моето семејство. Тоа нема да го прифатам, навистина е одввратно“, порача Ловрен.
До сега Хрватот успеваше да се носи со навредите, омаловажувањето и исмејувањето, но ова што денес се случи ги надмина сите граници. Ловрен очекува полицијата да се позанимава со ваквиот случај. Исто така треба да се нагласи и дека пораката на Ловрен беше објавена и на „BBC“.
"Disgusting"
Dejan Lovren says death threats against his family have been sent to him on social media.
More: https://t.co/PcfJmbTU6O pic.twitter.com/Cxsu51igRp
— BBC Sport (@BBCSport) October 31, 2017