Жозе Мурињо денес потврди дека Пол Погна е посериозно повреден, па нема да може подолг период да смета на Французинот.
Првите прогнози велат дека Погба сигурно нема да се врати на терените до крајот на ноември.
Погба се повреди на натпреварот против Базел во 1-то коло од ЛШ, а подоцна беше потврдено дека има кинење на бутниот мускул.
„Не сакам да зборувам за играчите со тешки повреди. Тоа се Ибрахимовиќ, Рохо и Погба. Пол е повреден и нема да игра подолго време. Тоа не е повреда која ми дава надеж дека за брзо ќе го видиме на терените, како што е случајот со Валенсија и Џонс“, изјави Мурињо.
Повредата на Погба сериозно ги загрижува сите во таборот на Манчестер Јунајтед, а лекарскиот тим се уште не одлучил дали играчот ќе биде опериран или ќе се лекува со конзервативна терапија.