Дома Фудбал Ужасните поплави ги одложија натпреварите на Валенсија и Леванте 🎥

Ужасните поплави ги одложија натпреварите на Валенсија и Леванте 🎥

Шпанската фудбалска федерација ги одложи натпреварите на Валенсија и Леванте кои требаше да играат денеска во Копа дел Реј,

Валенсија требаше да игра во Мадрид против нисколигашот Парла Ескуела, додека Леванте исто така имаше гостински натпревар против Понтеведра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Федерацијата експресно реагираше и по барање на клубовите да се одлжат средбите поради големите поплави кои однесоа над 50 човечки животи. Вистински ужас и хаос е на автопатите каде што има превртени автомобили.

Исто така засега неизвесно е и одигрувањето на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид кој треба да се игра на „Местаља“ в сабота од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игор Тиаго со голема шанса да биде дел од составот на Бразил за Светското првенство 2026

Тројца фудбалери ќе се борат за двете преостанати слободни места во составот на Бразил за …