Дома Останати Кошарка НБА Ужасна повреда во НБА: Босанецот Јусуф Нуркиќ ја скрши ногата (ВИДЕО)

Ужасна повреда во НБА: Босанецот Јусуф Нуркиќ ја скрши ногата (ВИДЕО)

Тимот на Портланд изминатата ноќ со 148:144 после две продолженија славеа против Бруклин на свој терен, но резултатот на овој натпревар остана во втор план.

Имено, на 2:22 до крајот на второто продолжение Јусуф Нуркиќ доживеа ужасна повреда.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Нуркиќ се обиде да го поправи промашувањето на своите Блејзерс, но незгодно доскокна и заврши на подот. Веднаш беше јасно дека станува збор за тешка повреда. Босанецот заработи скршеница на левата нога.

https://youtu.be/iaIe-2IrxU8

Докторите интервенираа и брзо го изнесоа од теренот, а домашната публика во тие моменти го скандираше неговото име и му пружија поддршка. Колку лошо изгледаше повредата доволно зборуваат реакциите на кошаркарите на теренот.

За жал Нуркиќ сигурно го чека долга пауза.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…