Дома Фудбал Останато УЕФА ја „затвори“ Маракана: Црвена Звезда без публика против ЦСКА

УЕФА ја „затвори“ Маракана: Црвена Звезда без публика против ЦСКА

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена Звезда поради недоличното однесување на нејзините навивачи на дуелот против БАТЕ Борисов во Лига Европа.

„Црвено-белите“ еден натпревар во европските натпреварувања ќе играат пред празни трибини, што значи дека нема да има публика на мечот против ЦСКА во 1/16 финалето од Лига Европа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Навивачите на Црвена Звезда во текот на натпреварот со БАТЕ на 23-ти ноември му пружија поддршка на Ратко Младиќ, а УЕФА тоа го окарактеризира како расистичко однесување.

„Изненадени сме од оваа одлука. Ние како клуб максимално сериозно го организиравме секој меч и правевме се за да мине во најдобар ред…Мислам дека имаме доволно аргументи за жалба за да докажеме дека Ц. Звезда не заслужува да игра на празен стадион. И сигурен сум дека ќе успееме . Еден од аргументите е дека ние влезници продававме уште од јануари, а продадени се 28 илјади од причина што немавме таква информација“, изјави Звездан Терзиќ, директорот на Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…