Дома Фудбал Останато УЕФА со специјална награда за Кјаер и данските лекари

УЕФА со специјална награда за Кјаер и данските лекари

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе им дондели претседателски медал на Симон Кјаер и данските лекари кои му го спасија животот на Кристиан Ериксен.

Ериксен колабираше на мечот од ЕП, а Кјаер со својата реакција, како и лекарскиот тим му го спасија животот на фудбалерот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кјаер доби пофалби за своите „исклучителни лидерски квалитети“ во тој момент, кога првиот се обиде да го врати Ериксен во живот со масажа, а потоа им нареди на играчите да го заштитат Ериксен од медиумите и отиде кај партнерката на фудбалерот.

„Оваа година, претседателската награда го надминува фудбалот. Како важен и постојан потсетик колку е драгоцен животот и колку работите треба да се гледаат со перспектива. Во исто време сакам да му посакам многу здравје на Кристијан Ериксен и неговото семејство“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Награда добија и Могенс Кројцфелд (главен лекар), Фредерик Фленстед (дежурен лекар на стадионот), Андерс Босен (лекар на теренот), Петер Ерсгард (болничар), потоа дежурните лекари од УЕФА на стадионот во Копенхаген Јенс Клајнефелд и Валентин Великов како и лекарскиот тим на данската репрезентација Мортен Скјолдагер и Мортен Босен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…