Дома Фудбал Останато УЕФА се огласи: Соопштена казната на Буфон!

УЕФА се огласи: Соопштена казната на Буфон!

Eвропската куќа на фудбалот немаше милост, а сега се чека реакцијата на Буфон.

Многу се пишуваше дека Буфон ја чека казната од УЕФА поради расправата со судијата Мајкл Оливер за да соопшти дали ќе ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен. Се пишуваше и дека во случај на поголема казна Буфон воопшто нема да потпише договор со ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Казната стигна – три натпревари! Очекувани беа два, а сега ќе видиме каква е позицијата на ПСЖ, но и самиот голман.

Не е јасно зошто оваа казна би била толку голем проблем, но гласините се дека ПСЖ не би сакал да го плаќа Буфон 8 милиони евра по сезона и тој да ја пропушти половина групна фаза во Европа. Сепак, доколку биде доставена жалба, казната би можела да биде намалена, но и зголемена.

Од друга страна, Ареола порачува дека тој е прв голман на ПСЖ, иако никој не верува дека Буфон ќе дојде во ПСЖ за да биде втор голман.

Доколку тоа би го сакал би останал во Јувентус и би бил резерва на Шчесни, навистина за многу помала сума.

Како и да е сега се чека огласување на Буфон, по што се ќе биде појасно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година…