Дома Фудбал Репрезентации УЕФА се огласи: Немаме намера ништо да менуваме со ЕП, за навивачи е рано да се зборува

УЕФА се огласи: Немаме намера ништо да менуваме со ЕП, за навивачи е рано да се зборува

Maкедонија во четврток ја победи Грузија и така обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во летото кое следи.

Сегашниот план на УЕФА е собирот на најдобрите европски репрезентации да се одржи во повеќе градови, а според тој план ние треба да играме во Букурешт и Амстердам. Во Букурешт се закажани дуелите со Австрија и Украина, а со Холандија ќе играме во Амстердам. Меѓутоа во јавноста се појавија информации за можни промени, односно дека ЕП може да се одржи во само во Велика Британија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Но, од УЕФА потенцираа дека во овој момент немаат намера ништо да менуваат.

„УЕФА нема намера да го менува форматот и местата на одигрување на натпреварите кои беа потврдени претходно. Кога се навивачите во прашање, ситуацијата со Ковид-19 е неизвесна и рано е да се каже дали на натпреварите во јуни ќе може да има навивачи“, соопштија од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…