Дома Фудбал Останато УЕФА се заканува дека ќе го исфрли ПСЖ од Лига на шампиони

УЕФА се заканува дека ќе го исфрли ПСЖ од Лига на шампиони

Првиот човек на УЕФА нема ништо против ПСЖ да се исфрли од европските натпреварувања доколку се докаже дека ги прекршиле правилата на Финансискиот фер-плеј.

Претседателот на европската куќа на фудбалот (УЕФА) истакна дека не се плаши да го казни ПСЖ, но само доколку биде утврдено дека „парижаните“ го прекршиле Финансискиот фер-плеј.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Ова лето ПСЖ потроши 400 милиони евра за само двајца фудбалери, Нејмар и Мбапе. Меѓутоа, за да ја избегнат казната ПСЖ го доведе Мбапе на едногодишна позајмица, па следното лето ќе му плати на Монако 180 милиони евра.

Нејмар беше купен 222 милиони евра, но така што сумата на Барселона и ја плати катарската влада.

„Доколку се докажат неправилности, ќе мора да го исклучиме ПСЖ од сите натпреварувања кои се под капата на УЕФА. Не се плашиме да го казниме ПСЖ, ама баш никој не може да биде над законот“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германската легенда со совет до Барса – препорача засилување од 28 милиони евра: Тој е фудбалер кој може да направи разлика!

Во последниот летен трансфер период, една од областите која се очекуваше дека Барселона ќе…