Дома Фудбал Останато УЕФА: Регионалната лига ќе биде смрт за фудбалот во малите држави!

УЕФА: Регионалната лига ќе биде смрт за фудбалот во малите држави!

Претседателот на УЕФА Алаксандар Чеферин во интервју за „Њујорк Тајмс“ , изјави дека регионалната лига би преставувала „смрт за фудбалот во малите земји“.

Првиот човек на УЕФА често истакнува дека негова заложба не е основање на регионална лига на Балканот, бидејќи од година во година забележлива е разликата помеѓу големите и малите тимови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сегашниот формат на натпреварување ќе остане затоа што регионалните лиги не би требало да ги заменат националните првенства. Ќе ги разгледам сите идеи, но мислам дека тие лиги треба да бидат додаток за националните првенства, а не да станат поважни од нив. Тоа би преставувало смрт за фудбалот во малите држави. доколку Марибор или Олимпија би се квалификувале во некаква Балканска, Кадранска или Алпска лига, како и да биде наречена, тоа ќе значи крај за фудбалот во Словенија“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна трагедија: Двајца натпреварувачи починаа на ист маратон

Двајца тркачи го загубија животот за време на денешниот полумаратон во казахстанскиот град…